7 предности зошто да ангажирате станбен управител за одржување на зградата
Големиот број на обврски кои современиот живот си ги носи со себе, често не ви оставаат доволно време за грижа за просторот во кој живеете. Она малку слободно време кое ви останува сигурно не сакате да го поминете со метла и крпа во рака или да мислите која сијалица во влезот требаше да се замени.
На светлата страна пак, живееме во време кога сè е лесно достапно, вклучувајќи ги и професионалците за управување, чистење и одржување на заедничкиот простор во кој домувате.
Зошто да ангажирате станбен управител за Вашиот објект?
- Вработените се високо обучени, вешти се за секојдневно одржување на разни станбени и деловни објекти. Тоа значи дека се поефикасни и побрзи во работата која ја вршат.
- Користат професионална опрема за чистење. Чистењето на било која област или предмет со несоодветна опрема или без неа се покажува како значително потешко и неефикасно.
- Ви штедат време и пари. Замислете само колку време мора да посветите дневно, неделно и месечно за просторот кој го користат сите станари да остане чист?
- Користат природни производи, без тешки хемикалии, со проверен состав.
- Работат плански, со однапред утврдени цели за наредниот период, со точна анализа што е она што ви е итно и неопходно.
- Имаат поголема контрола на квалитетот на сработеното, за разлика од ангажирањето на поединец кој никако не е „обврзан“ да ги следи вашите барања.
- Чистењето и одржувањето на тешко достапните места, како на пример чистењето на прозорите, е работа која може да ја заврши исклучиво специјално обучен тим. За оваа деликатна работа ви треба управител кој има добри референци и големо искуство.