Дополнителни услуги

Дезинфекција, дезинсекција и дератизација

Протон е ваш сигурен партнер во областа на дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Како компанија даваме особено значење и внимание на заштита на Вашиот простор од штетници, инсекти и микроорганизми, обезбедувајќи безбедна и здрава околина за Вас и Вашите блиски.

Дезинфекција

Применуваме безбедни и ефикасни методи за уништување на бактерии, вируси и други патогени, ја заштитуваме Вашата околина од инфекции и болести.

Дезинсекција

Нашите услуги за дезинсекција обезбедуваат комплетна заштита од штетни инсекти, вклучувајќи бубашваби, лебарки и многу други.

Дератизација

Применуваме професионални и ефикасни методи за дератизација, што еколошки и безбедно ги уништува глувците и спречува нивно повторно појавување.

Осигурување на заеднички простории

Сите дефекти и непогоди во станбената зграда се дополнително оптоварување на заедничкиот буџет на станарите, а под знак прашалник ја доведуваат секојдневната безбедност на домот.

Како да немате дополнителни трошоци кога е најтешко, а интервенцијата е најпотребна?

Осигурувањето на заедничкиот простор во станбените згради овозможува правилно распределување и користење на буџетот за евентуални несреќни случаи:

  • Пожар,
  • удар од гром,
  • експлозија,
  • луња,
  • град,
  • излевање на вода од водоводна и канализациона инсталација,
  • паѓање на воздушно летало,
  • удар од сопствено моторно возило во градежен објект,
  • манифестација и демонстрација.

Зависно од понудата, предмет на осигурување може да бидат и лифтовите во зградата, електричната, водоводната и парната инсталација.

Со донесената одлука за осигурување на заедничкиот простор во станбените згради се отвораат бројни поволности за осигурување и на приватниот имот, односно становите на физичките лица.

Видео надзор

Безбедноста е клучна потреба во секојдневието, особено кога станува збор за домот, а со тоа заедничките простори и влезови на зградите. Токму затоа Протон ви нуди  висококвалитетни системи за видео надзор кои што ќе ви помогнат да ја зголемите безбедноста на вашата зграда и следствено на тоа — безбедноста на вашиот дом.

Видео надзорот обезбедува 24/7 мониторинг на вашиот влез и заеднички простор, давајќи ви увид во движењето во просториите и спокој. Сите активности се следат во реално време, а податоците можат да се архивираат локално (на хард диск) или на заштитена дигитална платформа (cloud).

Изберете го нашиот сервис за изнајмување на видео надзор и бидете сигурни дека вашиот дом и вашата заедница се безбедни и заштитени. Нашите пакети се адаптибилни и флексибилни, без скриени трошоци.