Чистење на деловни простории

Протон е вашиот доверлив партнер за одржување на беспрекорно чисти и уредни бизнис простории. Веруваме дека чистата околина не само што ќе го истакне вашиот професионализам пред клиентите и бизнис-партнерите, туку исто така ќе ја зголеми продуктивноста и посветеноста на вработените. Од дневно чистење на канцелариите до комплексни задачи за одржување, нашиот тим од обучени професионалци е посветен на тоа вашиот работен простор да остане чист и привлечен.

Услугите за чистење се само дел од спектарот Протон, признаено име во областа на домувањето и управувањето со имот. Со истото ниво на посветеност, транспарентност и ефикасност се вложуваме и во комерцијалните услуги за чистење. Со искусен тим, најсовремена опрема и еколошки решенија за чистење, ги задоволуваме потребите на бизнисите од сите големини и индустрии.

Зошто да не изберете­?

Како компанија од областа на управувањето и одржувањето, најдобро ги разбираме значајноста на чиста и добро одржувана бизнис просторија. Еве зошто треба да нè изберете:

  • Доверливи и ефикасни: Нашиот тим е точен, темелен и ефикасен, со што се овозможува непречен тек на вашиот работен ден.
  • Персонализирани планови: Работиме со вас за да ги разбереме вашите потреби за чистење и да дизајнираме пакет на услуги кој што се прилагодува на вашите барања и буџет.
  • Еко-пријателски: Користиме нетоксични, еколошки производи за чистење си цел минимизирање на влијанието врз надворешната средина.
  • Искусен Тим: Нашиот персонал е професионално обучен, искусен и посветен на испорака на највисокото ниво на услуга.
  • Транспарентни цени: Ние обезбедуваме јасни и конкурентни цени без скриени трошоци.
  • Редовно чистење на канцеларии: Дневно, неделно или двонеделно чистење на услуги за да се обезбеди работен простор кој е пријатен, чист, хигиенски и подготвен за бизнис.
  • Чистење на теписи и таписерија: Продолжете го работниот век на вашиот канцелариски тепис и таписерија со нашите услуги за длабинско чистење.
  • Чистење на прозорци: Сјани прозорци за светла и пријатна средина во канцеларијата.
  • Санација на тоалети: Редовно чистење и опремување на тоалети за одржување на највисоките хигиенски стандарди.
  • Одржување на подови: Од дрвени подни површини до плочки, нашиот тим може да чисти, полира и да ги одржува сите типови на подови со најсовремена опрема и високо-квалитетни средства за чистење.
  • Чистење за настани: Чистење пред и по разноврсни настани (конференции, средби, обуки и слично.)
  • Вонредно чистење/по потреба: Достапни во во секое време во случај на непредвидена потреба за чистење на канцеларискиот простор.