Управување

Управување со заеднички простории

Техничко
одржување

Сервис
за чистење

Осигурување на заеднички простории

Наша примарна должност е проактивен и структуиран пристап во управувањето, поткрепен со сугестии за севкупно подобрување навашето домување.

  • Финансиско менаџирање и детален преглед на состојбите на редовниот и резервниот фонд за секој станбен објект:
    • Редовно и навремено подмирување на редовните трошоци (сметки за струја, водовод, базен, лифт, домар итн.)
    • Детална пресметка за редовните трошоци и соодветна распределба на истите помеѓу станарите.
    • Преземање соодветни мерки за станарите кои не ги подмируваат месечните пресметки кон зградата редовно.

Менаџирање на резервниот фонд:

  • Средствата за инвестициско одржување се распределуваат од резервниот фонд во кој уплата се врши еднаш месечно, а сумата е предмет на договор со станарите.
  • Согласно работниот план, потребите и желбите на станарите, месечните уплати во резервниот фонд може да варираат и да го надминат минималниот месечен износ.
  • Трошоците за инвестициско одржување се одобруваат преку мнозинство на станари.

ХИГИЕНА 

Тимот на Протон има строго професионален однос кон одржувањето на хигиена во заедничките простории.  

  • Користиме сопствен сервис за чистење 
  • Имаме непосредна улога при селекција и менаџирање на членовите на тимот 
  • Можеме побрзо и подобро да одговориме на барањата на корисниците 
  • Нудиме подобра контрола врз крајниот квалитет на услугите 

Одржување на хигиената на заедничките простории во станбениот објект:

  • влезови 
  • надземни и подземни паркинзи 
  • гаражи 
  • тврди подлоги 
  • вентилациони канали 
  • високи стакла 
  • фасади 
  • тешко достапни места 

Дополнителни услуги според Вашите потреби:

  • Машинско чистење и полирање на подна површина,  
  • Чистење и дезинфекција  со пареа со најсовремени машини 
  • Хемиско чистење (без хемија) со пареа на ентериер во автомобили 

ТЕХНИЧКО ОДРЖУВАЊЕ 

Нашиот искусен тим, како и мрежата проверени и квалитетни соработници ви стои на располагање за сите тековни и вонредни состојби кои настануваат во Вашиот станбен објект. 

Во рамките на услугата техничко одржување на објектот, како управители заедно со нашиот тим  преземаме обврска за извршување на контрола во заедничките простории и отстранување на техничките проблеми во зградата со однапред утврдена динамика. 

Во склоп на горенаведеното на редовно месечно ниво или по пријава од корисник Ви ги нудиме следниве услуги: 

Проверка и замена на неисправни светлосни тела: 

  • Апарати за степенично светло, прекинувачи итн. 
  • Поставување и замена на рефлектори, плафонски светла, сензорски осветлувања 

Сопствен браварски сервис : 

  • Проверка и поправка на влезни врати, 
  • промена на цилиндри 
  • штелување или промена на амортизер на влезна врата. 

План за оддржување на станбениот објект   

Тимот на ПРОТОН препорачува спроведување на планот за краткорочно и долгорочно оддржување на вашиот станбен објект. За таа цел се прави план во кој се  утврдува фактичката состојба на зградата и специфичните потребите на станарите. 

Планот за оддржување вклучува: изготвување техничка анализа, финансиска конструкција, и динамика за спроведување на активностите од планот. 

 Во овој план се опфатени: 

  • промена на поштенски сандачиња; 
  • молеро-фарбарски работи; 
  • уредување на дворна површина; 
  • репарација на оштетени конструктивни елементи на зградата; одржување и поправка на кровна конструкција и кровна покривка; 
  • водоводна и канализациска инсталација; 
  • електрична инсталација во објектот до струјомерното ормарче; 
  • одржување и поправка на лифтови 
  • корекција на дотраени подови, плафони и ѕидови во заедничките делови на објектот; 
  • обновување на фасада, фасадни облоги и елементи на фасадата; 
  • реализирање на други предлози на самите станари кои ќе бидат наведени во планот за одржување во тековната година. 

ПРОТОН финансиски поволности 

Свесни сме дека еден од најчестите проблеми со кои нашите корисници се соочуваат е недостатокот на финансиски средства за санирање на настанатите технички проблеми, подобрувања на фунционалноста на заедничките простории или спроведување на планот за оддржување на заедничките простории во зградата. 

За таа цел  тимот на ПРОТОН изготвува финансиска конструкција и можност за финансиска подршка на станарите  со однапред договорени услови.  

Дополнителни услуги: 

Ангажман и посредување при сервисирање на: 

  • лифтови 
  • хидро пумпи и хидрофори 
  • гаражни врати 
  • домофонски уреди 
  • уреди за контрола на пристап 
  • Дезинфекција, дезинсекција и дератизација 
  • Проверка на состојба на олуци и проценка на исправност на конструкцијата 
  • Проверка на осигурувачите и опремата во електро орманчињата и детекција на потенцијални дефекти и ситни поправки и инвестиции во зградата 
  • Физичко обезбедување и осигурување на имот 
  • Ангажирање домар 
  • Осигурување на заедничките простории