Осигурување на заеднички простории
Сите дефекти и непогоди во станбената зграда се дополнително оптоварување на заедничкиот буџет на станарите, а под знак прашалник ја доведуваат секојдневната безбедност на домот.
Како да немате дополнителни трошоци кога е најтешко, а интервенцијата е најпотребна?
Осигурувањето на заедничкиот простор во станбените згради овозможува правилно распределување и користење на буџетот за евентуални несреќни случаи:
- Пожар,
- удар од гром,
- експлозија,
- луња,
- град,
- излевање на вода од водоводна и канализациона инсталација,
- паѓање на воздушно летало,
- удар од сопствено моторно возило во градежен објект,
- манифестација и демонстрација.
Зависно од понудата, предмет на осигурување може да бидат и лифтовите во зградата, електричната, водоводната и парната инсталација.
Со донесената одлука за осигурување на заедничкиот простор во станбените згради се отвораат бројни поволности за осигурување и на приватниот имот, односно становите на физичките лица.