Што треба да знаете пред да одберете станбен управител?

Проверете го правниот статус на управителот

Сите управители пред да започнат со дејноста управување треба да поседуваат лиценца издадена од Регулаторната Комисија за Домување. Оваа лиценца се обновува на секои 3 години, а подлежи и на редовни проверки од страна на РКД која утврдува дали управителот ги исполнува основните услови за работа во областа на управувањето. За повеќе информации – закон за домување.

Истражете го искуството и референците на управителот

Побарајте референци од претходни клиенти и проверете дали компанијата има добра репутација во областа на управувањето со згради.

Услуги и тарифи

Информирајте се детално услугите кои ги нуди управителот и какви се неговите тарифи. Проверете дали се вклучени сите услуги кои ви се потребни. Ова може да вклучува редовно одржување на зградата, управување со финансите, комуникација со сопствениците, одржување на зеленилото и заедничките простории, сигурносни услуги и бројни други услуги.

Обем на Услуги

Колку често се нудат овие услуги? Дали се одржуваат дневно, неделно, месечно или во специфични ситуации? На пример, редовното чистење на зградата се одржува ли секој ден или по друг распоред?

Организација на пресметките

Согласно Законот за домување, за секој вид услуга, управителот треба јасно и транспарентно, со посебни ставки да ја прикаже во пресметката за месечните трошоци. Бидете внимателни со скриените трошоци. Top of Form

Транспарентност во финансиското работење

Потрудете се да разберете како управителот управува со финансите на зградата. Тоа вклучува како се собираат и распределуваат трошоците, како се водат сметките, дали постојат две засебни, физички сметки за резервниот и редовниот фонд и дали се достапни најновите финансиски извештаи.

План за одржување на зградата

Разговарајте за планот за одржување на зградата и за динамиката на активностите во контекст на одржувањето и управувањето.

Комуникација и достапност

Важно е да знаете како управителот комуницира со сопствениците и жителите во зградата. Дали постои отворена комуникација и како може да ги контактирате во случај да имате потреба.

Сервис и поддршка

Проверете каква вид на сервис и поддршка нуди управителот и колку е подготвен да сервисира итни интервенции, односно непредвидени дефекти во зградата. За кои услуги користи сопствен сервис а за кои надворешен сервис.

Договор за Услуги

Пред да се одлучите, осигурете се дека имате јасен и писмен договор за услугите со управителот. Договорот треба да ги дефинира сите услови и обврски на двете страни.