Зошто се исплати да ангажирате станбен управител?

„Можеме и сами,“ „Имаме комшија кој ја одржува зградата,“ „А, зошто да плаќам плус пари?“ се реченици кои неретко се слушаат меѓу станарите кои се одлучуваат да ангажираат поевтин, наместо професионален управител.

На сите едно нешто им е заедничко: Се надеваат дека ќе поминат поевтино, а ќе добијат ист квалитет на услуга. Во пракса, ниту едното, ниту другото не е точно.

Недостатоци на непрофесионалните управители

Каков квалитет може да очекувате од некого што го плаќате минимално или воопшто? Дали во сите кризни моменти може да очекувате да се потпрете на него?

Дали соодветно знае да ги реши проблемите на станарите и заедничкиот простор?

Дали се обврзува редовно, со месеци и години, да одржува хигиена во зградата и да врши ситни поправки комплетно бесплатно?

И можеби најважното прашање: Од чии пари ќе се плаќаат трошоците за поправки, итни интервенции и поголеми инвестиции во заедничкиот простор?

Можеби се прашувате како сè ова функционираше порано без професионални управители? Одговорот е – никако.

Несоодветното одржување на станбените згради доведе до тоа повеќето стари згради да се во ужасна состојба, со дотрајани инсталации, оштетени кровови, изронети ѕидови, запуштени подруми… Притоа, резервниот фонд на зградата речиси и да не постоел.

За одржување на зградата важен е континуитет.

Од професионалните управители често се очекува преку ноќ да ги решат сите наталожени проблеми, што едноставно не е возможно, од причина што со децении наназад не постоела никаква одговорност, план, одржување и слично.

Кога ќе дојде до потреба од крупни зафати, како санација на кровот, тогаш решението е далечно, бидејќи нема финансии. Во такви ситуации неопходно е станарите да одвојат голема сума на пари одеднаш, како би го решиле проблемот.

Многу згради кои ги преземаме низ годините не само што немаат никакви средства на сметката, туку се и во минус со разни долгови. Во речиси сите случаи успеваме да ја консолидираме финансиската состојба во зградата и со редовните уплати на станарите постепено да го зајакнеме резервниот фонд. За тоа е потребно време, но само така може да се создаде добра основа за унапредување на ситуацијата.

Секогаш имајте на ум дека санацијата на штетата е поскапа од превентивното делување.