За Протон
Протон како идеjа се заснова на нашето лично незадоволство од состојбата и начинот на управување со зградите во кои што живееме: неефикасното носење одлуки, неусогласеност за санирање на дефекти и неодговорноста на станарите за нивните обврските во услови на колетивно домување. Накратко – не постои централизирана точка на одговорност поради што работите нај често излегуваат од контрола и го афектираат квалитетот на колективно живеење, долговечноста и пазарната вредност на самиот објект.
Свесни сме дека и нашите сограѓани се соочуваат со истите проблеми и потреба за професионална грижа за своите домови. Затоа се посветивме на создавање бренд кој нуди достапни, квалитетни и навремени услуги во секој аспект на домувањето.
Преку 6000 клиенти на територијата на Република Северна Македонија. Застапени сме и во сите поголеми градови низ земјата: Скопје, Битола, Велес, и Охрид.
Менаџерскиот тим на Протон е посветен на постојано осовременување и дигитализација на пристапот кон станбеното управување како и строга селекција на членовите на работниот тим, се со цел да постигнеме повисок квалитет на услуги и корисничко искуство. Наша визија е да бидеме фокална точка во квалитетот на вашето колективно домување..
ЗОШТО ДА НЕ ИЗБЕРЕТЕ?
- Работната етика ни е еден од главните постулати во работењето. Имаме строго професионален и транспарентен однос со нашите корисници и соработници.
- Инвестираме во подобрување на услугите, со цел подобро корисничко искуство за нашите клиенти.
- Прва и единствена компанија која нуди услуга онлајн наплата на сметки на сопствена дигитална платформа. Со креирање на профил на нашата платформа имате детален увид во сите тековни трошоци настанати во тековниот месец и едноставно плаќање со еден клик. Оваа услуга ја прави нашата компанија најтранспарентна во однос на другите компании кои имаат лиценци за управување.
- Нашиот кадар е професионален и обучен да може да одговори на било какво барање од страна на нашите клиенти што се однесува на заедничкиот простор.
- Транспарентност во работењето и размената на информации:
- Детален годишен извештај за управувањето со објектот што ги опфаќа сите задачи и обврски што сме ги преземале и извршиле.
- Јасна и прегледна месечна пресметка.
- Дигитален кориснички профил преку кој имате детален преглед на сите издадени пресметки и преку кој можете да вршите дигитално плаќање.
- Современа ИТ инфраструктура што овозможува брзина во работата, увид во активностите и 24/7 размена на информации.
- Исполнување на законски предвидените мерки за годишна техничка инспекција:
- лифтови
- ппз опрема
Права и обврски на сопствениците
Права и обврски на управителот
„ПРОТОН“ е правен субјект со одобрена лиценца за управител бр.08-09/3, издадена од Регулаторната комисија за домување, чија што примарна дејност е управување и одржување на станбени и деловни објекти.