Управување со станбени згради

Наша примарна должност е проактивен и структуиран пристап во управувањето, поткрепен со сугестии за севкупно подобрување на вашето домување.  

Управување

  • Финансиско менаџирање и детален преглед на состојбите на редовниот и резервниот фонд за секој станбен објект
    • Редовно и навремено подмирување на редовните трошоци (сметки за струја, водовод, базен, лифт, домар итн.) 
    • Детална пресметка за редовните трошоци и соодветна распределба на истите помеѓу станарите
    • Преземање соодветни мерки за станарите кои редовно не ги подмируваат месечните пресметки кон зградата

Менаџирање на резервниот фонд 

  • Средствата за инвестициско одржување се распределуваат од резервниот фонд во кој уплата се  врши еднаш месечно, а сумата е предмет на договор помеѓу станарите
  • Согласно работниот план, потребите и желбите на станарите, месечните уплати во резервниот фонд може да варираат и да го надминат минималниот месечен износ
  • Трошоците за инвестициско одржување се одобруваат преку мнозинство на станари

План за оддржување на станбениот објект   

Тимот на ПРОТОН препорачува спроведување на планот за краткорочно и долгорочно оддржување на вашиот станбен објект. За таа цел се прави план во кој се  утврдува фактичката состојба на зградата и специфичните потребите на станарите. 

Планот за оддржување вклучува: изготвување техничка анализа, финансиска конструкција, и динамика за спроведување на активностите од планот. 

 Во овој план се опфатени: 

  • промена на поштенски сандачиња
  • молеро-фарбарски работи
  • уредување на дворна површина
  • репарација на оштетени конструктивни елементи на зградата; одржување и поправка на кровна конструкција и кровна покривка
  • водоводна и канализациска инсталација
  • електрична инсталација во објектот до струјомерното ормарче
  • одржување и поправка на лифтови 
  • корекција на дотраени подови, плафони и ѕидови во заедничките делови на објектот
  • обновување на фасада, фасадни облоги и елементи на фасадата
  • реализирање на други предлози на самите станари кои ќе бидат наведени во планот за одржување во тековната година

Финансиски поволности 

Свесни сме дека еден од најчестите проблеми со кои нашите корисници се соочуваат е недостатокот на финансиски средства за санирање на настанатите технички проблеми, подобрувања на фунционалноста на заедничките простории или спроведување на планот за оддржување на заедничките простории во зградата. 

За таа цел  тимот на ПРОТОН изготвува финансиска конструкција и можност за финансиска подршка на станарите  со однапред договорени услови.  

Дополнителни услуги 

Ангажман и посредување при сервисирање на: 

  • лифтови 
  • хидро пумпи и хидрофори 
  • гаражни врати 
  • домофонски уреди 
  • уреди за контрола на пристап 
  • Дезинфекција, дезинсекција и дератизација 
  • Проверка на состојба на олуци и проценка на исправност на конструкцијата 
  • Проверка на осигурувачите и опремата во електро орманчињата и детекција на потенцијални дефекти и ситни поправки и инвестиции во зградата 
  • Физичко обезбедување и осигурување на имот 
  • Ангажирање домар 
  • Осигурување на заедничките простории 

Објаснување на месечните пресметки

Месечните пресметки за тековните трошоци се составени од следните ставки:

  1. Фиксни трошоци
    • Управување
    • Хигиена и техничко одржување
    • Одржување на лифт
    • Чистење и техничко одржување на гаражен простор – оваа услуга ја плаќаат само сопственици на паркинг простор.
  2. Варијабилни трошоци
    • Заедничка струја ЕВН – (сумата зависи од колку струја е потрошено во тековниот месец)
    • Вода од зедничко броило
  3. Дополнителни трошоци – менување на сијалици,лед панели, лед неонки, поправка на лифт, годишна техничка инспекција на лифт, одржување на ПП систем, чистење олуци, молерисување на влез, итн.

Се што се менува во влезот и ходниците е предмет на наплата на сите станари. Се што се менува во подземниот паркинг простор е предмет на наплата само на сопственици на паркинг места, освен гаражната врата која преставува заеднички влез во зградата.