ПРАВА И ОБВРСКИ НА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ПОСЕБНИ ДЕЛОВИ НА ЗГРАДАТА СПОРЕД ЗАКОНОТ ЗА ДОМУВАЊЕ  

– Примена на прописи  

За правата и обврските на сопствениците на посебните делови на зградите во однос на заедничките делови на зградата како целина се применуваат одредбите на Законот за сопственост и други стварни права, Законот за катастар на недвижности Законот за облигационите односи Законот за техничка инспекција, Законот за пожарникарството и Законот за заштита на личните податоци, доколку со овој закон поинаку не е уредено.  

– ОБВРСКИ НА СОПСТВЕНИКОТ  

Сопственикот е должен за својот посебен дел од Зградата како и за уредите наменети за истиот, како и сите други делови во негова сопственост, да се грижи и да ги одржува и користи така што на другите Сопственици нема да настане никаква штета, а во спротивно одговара на другите Сопственици за настанатата штета.  

 Сопственикот кој ќе го отуѓи својот стан или ке му ја промени намената, должен е за тоа да го извести Управителот и претставникот на Сопствениците во рок од 15 дена по солемнизацијата на правното дело, односно правосилноста на актот врз основа на кој е променета сопственоста, а во спротивно им е одговорен на Управителот и/или на Сопствениците за сета претрпена штета.   

Секој Сопственик е должен да го извести Управителот за неговата точна адреса согласно личната карта во рок од 30 дена по склучување на овој Договор, како и за сите евентуални промени во податоците во истиот рок, а во спротивно одговара на Сопствениците и/или на Управителот за сета претрпена штета поради недоставувањето на точната адреса или задоцнето доставување на истата.    

 Секој Сопственик е должен да го пријави на овластениот претставник на Сопствениците секој дефект или оштетување на заедничките делови или уреди на Зградата веднаш по забележувањето и да дозволи извршување на работи во својот посебен дел од Зградата поради отстранување на дефекти кои предизвикуваат штета на заедничките делови на Зградата и/или на имотот на останатите Сопственици.   

Поголемиот степен на оштетување на посебен дел на Сопственик кој настанал поради ненавремено пријавување нема да се исплати од заедничките резерви.   

Разликата од претходниот став е должен да ја надомести самиот Сопственик.   

Поделба на трошоците на управувањето  

(1) Сопствениците на посебните делови се одговорни за плаќање на сите трошоци за управувањето спрема Управителот и другите трошоци што потекнуваат од станбена зграда во согласност со своите сопственички делови, ако со договорот за заемни односи поинаку не е утврдено.  

(2) За трошоците што настанале со преземање на активности врз основа на одлуки донесени на начин пропишан со овој закон одговараат сите сопственици на посебните делови без оглед на тоа дали гласале против предложените одлуки.  

(3) Новиот сопственик на посебен дел на зграда, за трошоците од ставот (1) на овој член што настанале пред стекнувањето на неговото право на сопственост, дава писмена изјава до управителот, односно до претседателот на заедницата на сопственици дека солидарно ќе одговара за трошоците што ги имал поранешниот сопственик.  

(4) Сопственикот кој го продава посебниот дел пред потпишување на договор за купопродажба на посебниот дел е должен да му ја достави на купувачот потврдата од членот 34 став (1) од овој закон.