Пакети за управување

Внимателно конструирано портфолио на услуги по достапни цени  

ПРОТОН ОСНОВЕН ПАКЕТ

  • Управување (административно, оперативно и финансиско менаџирање со објектот). 
  • Хигиена – едно суво и едно суво-мокро чистење неделно, пребришување на подни површини и на стаклата на влезни врати. 
  • Техничко одржување – контрола од страна на стручно лице за проверка на исправноста на осветлувањето и влезна врата.

ПРОТОН+

  • Управување (административно, оперативно и финансиско менаџирање со објектот). 
  • Хигиена – две чистења неделно (суво и мокро), едно генерално чистење секои 3 месеци, машинско чистење на подот еднаш годишно.
  • Техничко одржување – контрола од страна на стручно лице за проверка на исправноста на осветлувањето и влезна врата.
  • Дезинфекција и дезинсекција на заедничките простории еднаш годишно.

ПРОТОН ПРЕМИУМ

  • Управување (административно, оперативно и финансиско менаџирање со објектот). 
  • Хигиена – 2 чистења неделно (суво и мокро), едно генерално чистење месечно, машинско чистење на подот 2 пати годишно.
  • Контрола од страна на стручно лице за проверка на исправноста на осветлувањето и влезните врати. Вклучена месечна проверка на хидро пумпа.
  • Дезинфекција, дезинсекција и дератизација 2 пати годишно.
  • Осигурување на заеднички простории.
  • Поставување на видео надзор и контрола на пристап.

ПРОТОН ПРО

Пакет услуги формиран по договор според посебни барања на станарите и спецификациите на станбениот објект.

 

Дообјаснување на останати услуги и трошоци

Струјата од броило за заедничка потрошувачка е дополнителен трошок. Редовна контрола/одржување на ППЗ опрема – оваа проверка се извршува еднаш годишно од страна на лиценцирани компании што ја покриваат оваа област. Цените зависат од видот на опремата што е поставена. Редовна контрола/одржување на хидрофор(на Ваше барање) – Проверка на хидрофорот се одвива според препорачана динамика еднаш во два месеци. Одржувањето на лифтот е предмет на месечен паушал. Задолжителна годишна техничка инспекција на лифтовите од страна на лиценцирано инспекциско тело.

Објаснување на месечните пресметки

Во согласност со Законот за Домување, месечните пресметки за тековните трошоци се составени од следните ставки:

  1. Фиксни трошоци
    • Управување
    • Хигиена и техничко одржување
    • Месечен паушал за одржување на лифт
    • Чистење и техничко одржување на гаражен простор – оваа услуга ја плаќаат само сопственици на паркинг простор.
    • Банкарска провизија за одржување на наменската сметка.
  2. Варијабилни трошоци
    • Заедничка струја ЕВН – (сумата зависи од колку струја е потрошено во тековниот месец)
    • Вода од зедничко броило
  3. Дополнителни трошоци
    • менување на сијалици, лед панели, лед неонки, дополнителна поправка на лифт, годишна техничка инспекција на лифт, одржување на ПП систем, чистење олуци и ткн.

Се што се менува во влезот и ходниците е предмет на наплата на сите станари.

Се што се менува во подземниот паркинг простор е предмет на наплата само на сопственици на паркинг места,освен гаражната врата која преставува заеднички влез во зградата.

  • Резервен Фонд

Резервниот фонд не се смета за тековен трошок а се пресметува 1ден од м2 станбена површина. Пример, доколку имате стан од 50м2 ќе добивате ставка од 50ден.

Најчесто поставувани прашања

Во ПРОТОН работиме по точно утврден план од првиот ден, за краткорочно и долгорочно одржување на објектот. Планот вклучува: техничка анализа, финансиска конструкција и динамика за спроведување на активностите од планот.

Со планот се опфатени сите неопходни активности од промена на поштенски сандачиња, молеро-фарбарски работи, уредување на дворна површина, репарација на оштетени конструктивни елементи на зградата; одржување и поправка на кровна конструкција и кровна покривка, водоводна и канализациска инсталација, електрична инсталација во објектот до струјомерното ормарче, одржување и поправка на лифтови, корекција на дотраени подови, плафони и ѕидови во заедничките делови на објектот, обновување на фасада, фасадни облоги и елементи на фасадата, до реализирање на други предлози на самите станари кои ќе бидат наведени во планот за одржување во тековната година.

ПРОТОН овозможува постојан преглед на состојбите на редовниот и резервниот фонд на објектот, како и детален извештај на сите уплати, со што не оставаме простор за грешки.

Сите активности се одвиваат транспарентно и професионално, од страна на нашиот стручен тим. На располагање добивате одговорно и професионално управување од страна на обучен и опремен персонал.

Обезбедуваме постојана исправност и безбедност на сите аспекти од заедничкото домување. Тоа го правиме посветено, со 100% точност и квалитет.

Наша цел е да воспоставиме идеален баланс помеѓу услугите и достапните цени. Со таа цел, нудиме повеќе пакети кои вклучуваат различни нивоа на одржување и грижа за објектот.

Понудите започнуваат со Основен пакет, кој ги вклучува неопходните неделни и месечни одржувања и менаџирања. Протон Плус пакетот е појачан со дезинфекција и дезинсекција, додека Протон Премиум пакетот вклучува и ситни поправки, почести посети, осигурување на заедничките простории…

Ја нудиме и препорачуваме услугата Протон ПРО која е всушност пакет кој го составувате сами, односно го составуваме заедно по потребите на станарите и објектот.

Управување со станбени згради кое вклучува: финансиско менаџирање и детален преглед на состојбата, менаџирање со резервниот фонд на средства, планираме како ќе се одржува станбениот објект, покриваме молеро-фарбарски работи, уредување на дворна површина, репарација, водоводна и канализациска инсталација, електрична инсталација, одржување и поправка на лифтови, корекција на подови и плафони во заедничките делови, обновување на фасади.

Техничко одржување на објектите, односно контрола на: неисправните светлосни тела и нивна замена, апарати за степенично светло, рефлектори, раполагаме со сопствен браварски сервис, правиме промени и поправки на влезни врати, промена на цилиндри.

Сервисот за чистење е сопствен, па затоа контролата на завршените задачи е на највисокот ниво. Чистењето опфаќа заеднички простории како влезови, паркинзи, гаражи, тврди подлоги, вентилација, високи стакла, фасади и сите тешко достапни места.

Осигурување на заедничките простории опфаќа заштита од евентуални несреќни случаи како: пожар, удар од гром, експлозија, град, излевање на вода од водоводна и канализациона инсталација, паѓање на воздушно летало, удар од сопствено моторно возило во градежен објект, манифестација и демонстрација.

ПРОТОН се заснова на нашето лично незадоволство, односно состојбата и начинот на управување со зградите во кои што живееме: неефикасното носење одлуки, неусогласеност за санирање на дефекти и неодговорноста на станарите за нивните обврските во услови на колетивно домување.

Но, свесни сме и дека финансиите понекогаш знаат да претставуваат проблем, па затоа се посветивме на создавање бренд кој нуди достапни, квалитетни и навремени услуги во секој аспект на домувањето.  

Месечниот буџет и сумата која ќе треба да се одвојува за заедничкото домување зависат од повеќе фактори, но пред сè сумата е предмет на договор со станарите, како и пакетот и услугите кои ќе ги одберете за користење од тимот на ПРОТОН. Ви стоиме на располагање за заедно да ги креираме услугите кои ви се потребни, по пристапни цени.