ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Оваа Политика за приватност се однесува на начинот на кој ПРОТОН ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул.Карпошово Востание бр.4/3-1, Скопје, со ЕМБС 6995020, (во понатамошниот текст: “ПРОТОН”) врши обработка на личните податоците преку членство во ПРОТОН Програмата за лојалност како и при посета на веб страницата на ПРОТОН – proton.mk
На веб страницата на ПРОТОН – proton.mk може да бидат поставени екстерни врски (линкови) преку кои може да пристапите кон веб-страниците на трети лица, кои не се предмет на оваа Политика за приватност. ПРОТОН не е одговорен за содржините и практиките и работењето на овие веб-страници па затоа Ве советуваме да се запознаете со нивните политики за приватност.
КАТЕГОРИИ НА ПОДАТОЦИ
- Лични податоци и информации кои Вие доброволно ни ги доставувате и сте согласни да ги обработуваме за цели на плаќање на трошоците за управување со зградата;
- Информации кои автоматски се собираат за посетителите на веб страницата – proton.mk, преку IP (интернет протокол) адресите и други технички податоци при што се креираат серверски логови со цел ефикасно администрирање и подобрување на функционирањето на веб страницата.
ЦЕЛИ НА ОБРАБОТКА
Обработката на лични податоци се врши само на оние податоци кои ни се доставени од Ваша страна исклучиво врз основа на Ваша согласност и за целта за која се собрани.
Личните податоци кои ги прибираме се користат за да Ви овозможат да ја користите веб- страната – www.proton.com.mk како и за да Ви ги овозможиме регистрација за плаќање ПРОТОН.
При регистрација за членство во ПРОТОН Вие ја давате Вашата согласност за користење на Вашите лични податоци (e-mail адреса, телефон) за да добивате информации за новости, промоции и акции во ПРОТОН. Во секое време можете да ја повлечете Ваквата согласност, доколку поднесете барање на info@proton.mk, при што Вашата e-mail адреса и/или телефон ќе бидат отстранети од нашата база на податоци.
ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
ПРОТОН презема технички и организациски мерки за заштита на личните податоци, спречување на неовластен пристап или нивна злоупотреба. Личните податоци на субјектите се обработуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци и сите применливи прописи.
Личните податоците кои ги собираме се чуваат во период определен со закон или за периодот потребен за постигнување на целта на обработката.
ПРОТОН го задржува правото на откривање на Вашите лични податоци на други лица или надлежни органи во случаи кога тоа се бара со закон или е потребно во водењето на некоја судска постапка и/или за заштита на нашите интереси.
ПРАВА НА СУБЈЕКТОТ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Субјектот кој е регистриран како член во ПРОТОН Програмата за лојалност има право да добие информации за категориите на податоци кои се обработуваат и за која цел, право на пристап, право на исправка во случај кога податоците се неточни или неажурирани, како и право на бришење на личните податоци, со поднесување барање до ПРОТОН.
ПРОТОН има обврска да одговори на барање на субјектот на личните податоци во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето. Доколку Друштвото еднаш одговорило на барање на субјектот, нема обврска повторно да одговори на исто или слично барање, ако во меѓувреме нема промени во личните податоци, освен ако изминале шест месеци од денот на доставувањето на претходното барање до новото барање.
Дадената согласност за обработка на личните податоци може да биде повлечена од страна на Субјектот (член во ПРОТОН Програмата за лојалност) во било кое време со испраќање на барање за повлекување на согласноста на info@proton.mk или во писмена форма на адресата на седиште на ул.Карпошово Востание бр.4/3-1, Скопје. По приемот на барањето за отповикување на согласноста, личните податоци на Субјектот ќе бидат избришани, а ПРОТОН картичката ќе биде поништена и ќе престане да важи.
ПРИФАЌАЊЕ И ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Со посетата на веб страната – proton.mk како и со регистрација за учество во ПРОТОН, се смета дека се согласувате и ја прифаќате оваа Политика за приватност.
ПРОТОН го задржува правото во било кое време да ја измени или дополни оваа Политика за приватност, објавувајќи ја ажурираната верзија на веб страната на ПРОТОН – proton.mk
КОНТАКТ
Сите прашања, барање или предлози во врска со Политиката за приватност или со обработката на личните податоци, можете да ги доставите на следната e-mail адреса info@proton.mk или по пошта на ул.Карпошово Востание бр.4/3-1, Скопје.