Упатство за Регистрација и плаќање

Регистрација

Дали е неопходна?
Мора да бидете регистрирани за да можете да плаќате преку нашата страница. 
 

Како да се регистрирате?

Процесот на регистрација е едноставен:
 
 
Кликнете на  "Регистрирација на нов корисник".
 
 Во новиот прозор впишете ги бараните податоци во полињата кои се предвидени (за да знаеме за која личност - сопственик се работи, ќе ја внесете било која од пресметките, нејзиониот број и во долното поле износот во денари (цел број без децимали). Вашата е-пошта мора да е постоечка и да можете да ја користите, бидејќи ќе биде пратена порака до истата за да ја потврдите односно автентицирате Вашата регистрација. Лозинката која ќе ја внесете, запамтете ја, ќе Ви биде неопходна за да можете да се логирате на Вашиот профил.
За заштита од хакери и роботи, во најдолното поле внесете ги четрите букви кои Ви се прикажани. 
 
Кликнете на “Регистрација”.
 
Потоа на Вашата емаил адреса, во Вашето сандаче (inbox, или spam  или junk , доколку е во spam или junk, префрлето го мејлот првин вон inbox) ќе добиете порака со ЛИНК , на кој треба само да кликнете, за да ja потврдите Вашата автентичност при регистрацијава.
Доколку не ја потврдите, нема да може уште еднаш да го користите истиот мејл во некоја следна прилика.
 
По успешна регистрација
 
Кога повторно ќе ја посетите нашата страница, доволно е само да се најавите на системот.
 
 
Логирајте се со притискање на “Најави се” – потребно е само да ја внесете вашата е-пошта и лозинката која што за време на регистрацијата ја внесовте.
И секако повторно четрите букви кои ќе Ви бидат прикажани
 
 ПЛАЌАЊЕ
 
 По успешната најава, првата страна кој ќе ја видите е следнава,
 
Горе лево е список на згради во кои имате станови, испод е список на станови. Во средината е списокот на неплатени сметки. Бројот на сметката може да има жолта позадина, и доколку се кликне ќе ја додаде истата во кошничката (горе десно), која ќе ги содржи сите избрани сметки кои сакате да ги платите со следното плаќање (уплата). Доколку позадината на бројот на сметката е темно-сива, тоа значи дека истата е веќе сместена во кошничката. Доколку пробате да кликнете на неа, нема ништо да се случи бидејќи истата е веќе во кошничката. Доколку во списокот датумите на доспевање на плаќање се со црвено означени, треба да означи дека рокот за плаќање е поминат, сте задоцниле веќе. Во самата кошничка може да ставите повеќе сметки, пример 3, доколку се предомислите за некоја, можете на иконат Бриши да кликнете, за да ја отстраните од кошничката.
 
Доколку сте спремни за плаќање притиснете го копчето "Кон плаќање". Инаку банката пресметува провизија и износот ќе Ви биде соодветно зголемен, како што е наведено во збирот на кошничката.
 
Следно е да ги Внесете Вашите платежни податоци на страната на Банката. По успешното или неуспешното плаќање ќе бидете вратени на нашата страна.

Дали мора да се платат сметките од кошничката?

 Кошничката Ви служи како потсетник. Ако плаќањето е успешно кошничката се празни, ако не ќе остане како што била.
Ако решите по неколку дена да го направите плаќањето кошничката ќе чека и ќе ги има истите сметки запаметено.